ПАМЕТНО МЕРЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА (SEMM)
Во ерата на паметни и поврзани технологии, користењето на паметен систем за мерење и управување со ел.енергија е иднината на енергетската индустрија и услуги. Македонски Телеком, следејќи ги технолошките трендови, е секогаш подготвен да го прифати предизвикот и на своите корисници да им ги донесе најновите светски иновации.
SEMM (Smart Energy Metering and Management) е дел од најновото портфолио на иновативни продукти на Македонски Телеком, чија цел е на деловните корисници да им овозможи паметна контрола на потрошувачката.
Решението е во целост развиено од Македонски Телеком, и истото е наменето за деловни субјекти кои користат електрична енергија, но и за оние кои произведуваат електрична енергија со помош на соларни панели/централи со цел да се оптимизираат трошоците околу енергијата. Целосно е интегрирано со HUPX берзата на електрична енергија, со што на деловните субјекти им дава можност да во зависност од цената на берза користат струја од мрежа, или од други алтернативни извори на енергија ако располагаат со такви. Паралелно им ги дава сите релевантни параметри за квалитетот на енергијата, но и параметри за потрошувачите со што планирањето на одржувањето на опремата која ја користат е поедноставно и навремено. WEB платформата и мобилната апликација кои се вклучени во решението уште повеќе го поедноставуваат користењето на системот, и на деловните субјекти им даваат можност за анализа и оптимизација на трошоците поврзани со потрошувачката на енергијата.
Придобивки
- Управувана услуга
- Прилагодливо на потребите на корисниците
- Применливо за фотоволтаици и производни полиња
- Сигурно и доверливо
- Детални извештаи за потрошувачката/производството на енергијата